Членови на тимот

ВАЛЕРИ ВЕРХУШИН

3 октомври 1960, СССР

ОЛИМПИСКИ ИГРИ десетто 1996
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО дваесетипрво 1997
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО бронзен медал 1996, деветто 1997
КУП НА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ златен медал 1995, трето 1997
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1997

Валери Верхушин до 1996 година настапува за СССР (денес Русија), каде што го постигнува и својот најдобар резултат, второ место на Светскиот куп во Толедо, САД. 

Во 1996 година започнува да настапува за Македонија и веднаш остава силен белег. По освојувањето на европската клупска титула со БК „Бучим Јака“ од Радовиш, каде беше еден од најзаслужните, станува и миленик на публиката. 

Истата година, на Европското првенство во Будимпешта, Унгарија, го освојува бронзениот медал, со што обезбедува норма за Олимписките игри во Атланта, каде се пласира на 10-то место. 

Во 1997 година настапува во Купот на европските шампиони против „Атлас“ од Грција остварува две победи, додека против ЦСКА Москва е поразен двапати од олимпискиот шампион Буваисар Саитиев. 

На Европското првенство за сениори во Полска во 1997 година се пласира на 9-то место. Истата година, по настапот на Светското првенство во Краснојарск, ја завршува својата репрезентативна кариера. 

Валери Верхушин почина на 6 јануари 2017 година во Москва, на 56-годишна возраст. 

 

БРОНЗЕН МЕДАЛ НА ВАЛЕРИЈ ВЕРХУШИН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БУДИМПЕШТА, 1996 ГОДИНА

ВАЛЕРИ ВЕРХУШИН ОД МАКЕДОНИЈА ВО БОРБА СО БОРИС БУДАЕВ ОД УЗБЕКИСТАН