Нашиот тим денес.
65 активни членови, 5 тренери и еден заеднички сон — да ја продолжиме традицијата на најуспешниот боречки клуб во Македонија.
Тим
Пионерска екипа
1. Претшколска До 12 години — воведување во спортот, основни движења и игра
2. Пионери 12–15 години — основни техники, прва натпреварувачка искуства
3. Кадети 15–17 години — натпреварувачки развој, регионални и национални турнири
Тим
Помлади сениори и сениори
1. Јуниори 17–23 години — висококонкурентна подготовка, европски и светски натпревари (борачите 18 + можат да настапат во сениорската конкуренција)
2. Сениори 23+ години — елитни борачи, државна лига, меѓународни натпревари
Тим
Тренери
Тренерски штаб на БК Бучим Радовиш располага со стручни специјализирани тренери за секоја возрасна категорија во боречкиот спорт во слободен стил. Тие се задолжени за физичката подготовка на борачите, обезбедувајќи целосен и професионален пристап кон развојот на секој спортист.
Тим
Почесни членови и ветерани
Некои приказни не завршуваат со последниот натпревар. Поранешните борачи и членови на БК Бучим Радовиш се темелот врз кој се изградени сите шампионски титули. Нивната посветеност, жртва и љубов кон клубот живеат во секој млад борач кој денес застанува на душекот. Од олимписките медалисти до оние кои никогаш не ги напуштиле тренинзите – сите тие се дел од едно неразделно семејство наречено БК Бучим Радовош.