1 јануари 1965, Скопје
Олимписки игри:
златен медал 1984
сребрен медал 1988
петто место 1996
Светско првенство:
бронзен медал 1982
Европско првенство:
златен медал 1984 и 1990
сребрен медал 1983, 1985 и 1986
бронзен медал 1982 и 1988
Медитерански игри:
златен медал 1983, 1987 и 1991
Светски куп:
сребрен медал 1985
Светско првенство за јуниори:
бронзен медал 1980
Европско првенство за јуниори:
бронзен медал 1982
Балканско првенство:
златен медал 1980 (кадети)
златен медал 1981 (јуниори)
бронзен медал 1982
Македонски бисер:
1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 1988, 1989, 1990, 1991, 1997, 1998
Државен првак:
1981, 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 1988, 1989, 1990, 1996, 1997
Шабан Трстена е најуспешниот натпреварувач во историјата на македонското борење. Со борење започнува во БК „Скопје“, а по шест месеци продолжува во БК „Лирија“. Во текот на кариерата настапува во категориите до 48, 52, 57 и 62 кг, бранејќи ги боите на „Лирија“, „Бучим-Јака“, „Вардар“ и „Скопје“, како и на репрезентацијата.
Неговиот талент рано е препознаен, па во 1979 година, на само 14 години, е повикан од селекторот Насе Насев. Веќе во 1980 година во Истанбул станува балкански шампион во кадетска конкуренција, а истата година во Стокхолм освојува бронзен медал на Светското јуниорско првенство.
Во 1982 година во Варна го освојува својот прв сениорски медал – бронза на Европското првенство, а неколку месеци подоцна и бронзен медал на Светското првенство во Едмонтон. Во 1983 година во Будимпешта стигнува до сребрен медал на Европското првенство, додека првата голема титула ја освојува на Медитеранските игри во Казабланка.
Годината 1984 е најплодна во неговата кариера злато на Европското првенство во Јончепинг и титула олимписки шампион на Игрите во Лос Анџелес. Во подготовките за Олимпијадата во Сеул 1988 учествува на девет квалификациони турнири, освојувајќи седум први места, како и две сребра и една бронза на европски првенства.
На Олимписките игри во Сеул 1988 настапува во категоријата до 52 кг и повторно стигнува до финалето. Во 1997 година настапува за „Бучим-Јака“ во Купот на европските шампиони против „Атлас“ од Грција, каде извојува две победи. Кариерата ја завршува во 1998 година на турнирот „Македонски бисер“, освојувајќи го трофејот за најдобар борач.
Огромните успеси му носат бројни признанија „Најдобар спортист на Југославија“ во 1984 година и шест признанија „Спортист на Македонија“ (1982, 1983, 1984, 1986, 1988 и 1990). Круна на кариерата е титулата „Спортист на векот“ на Република Македонија, како и национална пензија за заслужни спортисти.
Шабан Трстена е најмлад олимписки шампион во борење, освојувајќи ја титулата на 19-годишна возраст, рекорд кој до денес не е надминат.
ШАБАН ТРСТЕНА СО ДЕЛ ОД МНОГУБРОЈНИТЕ ОСВОЕНИ МЕДАЛИ
ШАБАН ТРСТЕНА СО ДЕЛ ОД МНОГУБРОЈНИТЕ ОСВОЕНИ ПЕХАРИ