Членови на тимот

ТОНИ ТАНЧЕВ

12 јануари 1972, Радовиш

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО триесетто 1991, дваесетиосмо 1995, деветто 2018 (ветерани)
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО шесто 1987 (јуниори), четиринаесетто 1992 (сениори)
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО сребрен медал 1989, сребрен медал 1991
МАКЕДОНСКИ БИСЕР 1992
ДРЖАВЕН ПРВАК 1992, 1995
КУП НА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ златен медал 1995
СВЕТСКИ КУП златен медал 1996
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1992, 1993, 1994, 1996, 1997, 1998

Тони Танчев ја започнува својата борачка кариера во 1984 година. Првите значајни резултати ги остварува на Европското првенство за јуниори во Катовице, Полска, каде се пласира на 6-то место, како и на Балканијадата во 1989 година во Правец – Бугарија, каде освојува сребрен медал. Истиот успех го повторува и на Балканијадата во Радовиш, каде повторно се пласира на второто место. 

Во 1992 година е победник на турнирот „Македонски бисер“, а државен првак станува во 1992 и 1995 година. 

Во периодот од 1991 до 1998 година е стандарден првотимец на БК „Бучим-Јака“, кога клубот седум пати станува шампион на Македонија. 

Во 1995 година настапува на Европскиот куп и е еден од најзаслужните за освојувањето на европската титула. Остварува четири победи против „Фиаме Оро“ од Италија и „Чепел“ од Унгарија, додека единствениот пораз го претрпува во финалето со минимален резултат на поени. Дел е и од тимот кој настапува на Светскиот куп во Радовиш во 1996 година, каде забележува три победи. 

Кариерата ја завршува во 1998 година, по што продолжува како тренер во клубот, а од 2002 година е назначен за прв тренер, функција што ја извршува до денес. Како тренер со клубот освојува четири шампионски титули во 2004, 2008, 2010 и 2013 година. 

Како селектор на Македонија освојува бронзен медал со Халил Зубаиров на Европското првенство до У23 во Валбржих, Полска во 2015 година. 

Во текот на кариерата настапува и за БК „Извор“ од Струмица, како и во германската Бундес лига. 

ТОНИ ТАНЧЕВ ВО АКЦИЈА ПРОТИВ ДОН РЕЈЕС (САД), СВЕТСКИ КУП 1996 ГОДИНА

ТОНИ ТАНЧЕВ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОБЕДНИК ПРОТИВ ТЕБЕ ДОРГУ (НИГЕРИЈА)