Членови на тимот

ШАБАН СЕЈДИ

6 мај 1959, с. Блаце, Скопско

ОЛИМПИСКИ ИГРИ 
бронзен медал 1980 и 1984, 20 место 1980, 11. место 1976 

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 
сребрен медал 1981 

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 
златен медал 1977 и 1983, сребрен 1976 (јуниори) 

МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ 
златен медал 1975 и 1979, бронзен 1987 

БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО 
златен медал 1975, 1976, 1977 и 1978, сребрен 1974 и 1979 

УНИВЕРЗИТЕТСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 
бронзен медал 1977 

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЈУНИОРИ 
сребрен медал 1977 

МАКЕДОНСКИ БИСЕР 
1977, 1978, 1979, 1980, 1984, 1986 

ДРЖАВЕН ПРВАК 
1972, 1976, 1977, 1978, 1980, 1982, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989 

Шабан Сејди уште на 14-годишна возраст го најавува својот исклучителен талент, освојувајќи сребрен медал на Балканијадата во Горна Ораховица, Бугарија во 1974 година. Веќе следната, 1975 година, го постигнува првиот голем успех и освојува златен медал на Медитеранските игри во Алжир. 

Во 1976 година го продолжува победничкиот низ, освојува злато на Балканското првенство во Скопје и сребрен медал на Европското младинско првенство во Познањ, Полска. Истите резултати му обезбедуваат место во репрезентацијата на Олимписките игри во Монтреал, каде како 17-годишник се пласира на 11. место. 

Годината 1977 е една од најуспешните во неговата кариера. Најпрвин ја освојува титулата на Европското младинско првенство, а потоа станува и европски сениорски шампион во Атина. Од Светското првенство за младинци во Лозана се враќа со сребрен медал, додека од Светскиот куп за сениори во Лас Вегас освојува бронза. Истата година ја заокружува со уште еден бронзен медал од Европското младинско првенство во Софија, Бугарија. 

Во 1980 година, на Олимписките игри во Москва, Шабан Сејди го освојува бронзениот медал прв олимписки медал за борач од Македонија. 

ШАБАН СЕЈДИ (ДЕСНО) СО ВАЛЕРИЈ ВЕРХУШИН