Членови на тимот

МOГОМЕД ИБРАГИМОВ

22 јули 1974, Махачкала, Дагестан, СССР

ОЛИМПИСКИ ИГРИ бронзен медал 2000, деветнаесетто 2004
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО сребрен медал 1998, единаесетто 1999, дваесетитрето 2002, дванаесетто 2003
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО златен медал 2000 (Полициско), златен медал 1999, четврто 2002
МАКЕДОНСКИ БИСЕР 1997, 1999, 2000
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1998

Магомед Ибрагимов е роден на 22 јули 1974 година. Тој е македонски борач со потекло од Махачкала – Русија.
На летните олимписки игри во Атланта – САД во 1996 година се натпреваруваше за Азербејџан и го освои петтото место во борење – слободен стил во категорија до 82 килограми.
Во 1997 година настапи на турнирот Македонски Бисер на кој ги освои првото место и симпатиите на нашиот стручен штаб, и од истата година се приклучи во редовите на Борачкиот клуб „Бучим-Јака“ од Радовиш, со кој настапи во Купот на европските шампиони.
На Светското првенство за сениори во 1998 година во Техеран, Иран, го освои второто место за Македонија. Овој медал беше прв од осамостојувањето на Македонија на светските првенства.
На Европското првенство во Минск – Белорусија во 1999 година, Ибрагимов го освои првото место и златниот медал за Македонија.
На летните олимписки игри во Сиднеј – Австралија во 2000 година се натпреваруваше за Македонија и го освои третото место во борење во слободен стил, во категорија до 85 килограми. Со тоа тој стана првиот медалист на Македонија како независна држава.
На летните олимписки игри 2004 го зазеде 19-тото место во борење во слободен стил, во категорија до 84 килограми, откако беше елиминиран во првата рунда.
Ибрагимов е носител на спортска пензија од Македонија и од 2015 година е потпретседател на Федерацијата на борачки спортови на Македонија.

ПРВ ОЛИМПИСКИ БРОНЗЕН МЕДАЛ ВО САМОСТОЈНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МАГОМЕД ИБРАГИМОВ НА ТРОФЕЈНИОТ ПОДИУМ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО СИДНЕЈ, 2000 ГОДИНА

ДОЧЕК НА МАГОМЕД ИБРАГИМОВ ПО ОСВОЈУВАЊЕТО НА ОЛИМПИСКИОТ МЕДАЛ ВО 2000 ГОДИНА