Членови на тимот

ТРАЈЧЕ ДИМКОВ

22 јули 1967, Штип

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО триесетто 1991
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО деветто 1991, дваесетто 1992
МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ четврто 1991
МАКЕДОНСКИ БИСЕР 1992
ДРЖАВЕН ПРВАК 1991, 1992
КУП НА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ златен медал 1995
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1991, 1992

Се приклучува на БК „Бучим-Јака“ во 1991 година и настапуваше до 1992 година.
Претходно настапуваше во БК „Балканец“, БК „Извор“ од Струмица и во Мурска Собота во Словенија.
Најуспешни години во кариерата на Димков беа 1991 и 1992 година, кога двапати стана државен првак, победник на Македонскиот бисер во 1992, 4-ти на Медитеранските игри во Атина – Грција, и 9-ти на Европското првенство за сениори.
Во 1995 година повторно настапи за БК „Бучим-Јака“ во Купот на европските шампиони и таа година стана носител на двојна круна, во лигата со БК „Балканец“ а во купот со БК „Бучим-Јака“. Спортската кариера ја заврши во 1998 година, продолжувајќи како тренер во БК „Балканец“ од Штип, а подоцна како селектор на кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција. Димков беше дел од македонскиот тим и како селектор на Олимписките игри во 2008 година во Пекинг.
Денес е пратеник во собранието на РС Македонија.

БОРАЧОТ ТРАЈЧЕ ДИМКОВ ОВЕНЧАН СО МЕДАЛ, НО ВО „СЕРИОЗЕН“ БОРАЧКИ ЗАФАТ НА ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ

ШАБАН ТРСТЕНА И ТРАЈЧЕ ДИМКОВ НА ПРИГОДНА СРЕДБА ВО ШТИП