Членови на тимот

ГАРИ МОДОСЈАН

17 април 1973, Гори, Грузија

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО деветнаесетто 1997, дваесетипетто 1999
МАКЕДОНСКИ БИСЕР 1996
КУП НА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ златен медал 1995, бронзен медал 1997
ДРЖАВЕН ПРВАК 1996

Гари Модосјан најпрво настапува за Грузија, каде негов најдобар резултат е второто место на Европското првенство за јуниори во 1992 година во Зекешвар, Унгарија. 

Во 1995 година доаѓа во БК „Бучим-Јака“ како едно од четирите засилувања за Купот на европските шампиони. Со клубот ја освојува европската титула, а од 1996 година добива македонски пасош и се подготвува за настап на Европското првенство, кое претставува квалификациски филтер за Олимписките игри во Атланта. Сепак, неговиот настап не е дозволен од страна на Руската федерација. 

Во 1997 година настапува за БК „Бучим-Јака“ во Купот на европските шампиони, како и на Светското првенство во Краснојарск, Русија, но без позначаен резултат. 

За БК „Бучим-Јака“ и македонската репрезентација настапува до 1999 година, кога по Светското првенство во Анкара, Турција се повлекува од активното борење. 

Во 2011 година е назначен за прв тренер на клубот, а во 2012 година и за селектор на македонската репрезентација. Неговиот ангажман трае до почетокот на 2013 година, кога се враќа во Грузија, каде и денес работи како тренер. 

 

 

ГАРИ МОДОСЈАН СО ОСВОЕНИОТ ПЕХАР КАКО ТРЕНЕР НА БОРАЧИТЕ ОД „БУЧИМ-ЈАКА“

ГАРИ МОДОСЈАН НА ТРИУМФАЛНИОТ ТРОН СО НЕГОВИТЕ НАЈБЛИСКИ КЛУБСКИ СОРАБОТНИЦИ