28 март 1971, Радовиш
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО бронзен медал 1990, бронзен медал 1991 (јуниори)
ДРЖАВЕН ПРВАК 1998 (сениори)
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1991, 1992, 1994, 1996, 1997
Зоран Ристов своите први позначајни успеси ги бележи во 1990 година, кога на Балканското првенство во Сакарија, Турција го освојува третото место. Истиот резултат го повторува и во 1991 година на Балканското првенство во Радовиш.
За БК „Бучим“ настапува во периодот од 1991 до 1997 година, кога клубот е шампион, освојувајќи вкупно пет шампионски титули.
Борачката кариера ја завршува во 1998 година во Радовиш, кога станува државен првак.
Денес живее и работи во Радовиш.
ЗОРАН РИСТОВ ВО АКЦИЈА