7 јуни 1979, Радовиш
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО шесто 1994 (кадети), дваесетипрво 1996 (јуниори)
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО седмо 1996 (јуниори), седмо 1998 (јуниори)
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО бронзен медал 1996, бронзен медал 1997
ДРЖАВЕН ПРВАК ЗА СЕНИОРИ прво1998
ДРЖАВЕН ПРВАК ЗА ЈУНИОРИ петто 1995, 1996, 1997, 1998, 1999
КУП НА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ бронзен медал 1997
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1994, 1996, 1997, 1998
Сашо Лазаров е роден на 7.6.1979 година во Радовиш. Со борење почнува да се занимава на 11-годишна возраст.
Прв негов успех е на Светското првенство за кадети во 1994 година во Чикаго – САД, каде го освојува 6-то место.
Борачките натпревари ги продолжува и во наредните години. Во 1996 година на Европското првенство во Софија – Бугарија го освојува седмото место, а на Балканијадата во Тирана – Албанија третото.
На Европското првенство во Радовиш е седми, не успевајќи да освои медал.
Заедно со Владо Лазаров настапуваат во КЕШ во 1997 година против „Атлас“ од Грција и „ЦСКА“ од Москва.
Со БК „Бучим-Јака“ освојува 4 титули Државен екипен првак во годините: 1994, 1996, 1997 и 1998.
Борачката кариера ја завршува во 2001 година, и истата година станува претседател на БК „Бучим”, се до 2002 година. Денес живее и работи во Германија.

ДЕЛ ОД ШАМПИОНСКИОТ ТИМ НА БК „БУЧИМ-ЈАКА“ СТОЈАТ ОДЛЕВО: ДИМЧО АНГЕЛОВ, ВАСЕ СПАСОВ, ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ И ЗЛАТКО ДИМОВ
КЛЕЧАТ ОДЛЕВО: САШО И ВЛАДО ЛАЗАРОВИ