Членови на тимот

ТОНИ АНЧЕВ

17 февруари 1967, Радовиш

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО петто 1986 (јуниори), десетто 1990 (сениори)
МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ четврто 1991
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО сребрен медал 1987
ДРЖАВЕН ПРВАК 1989
КУП НА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ златен медал 1995
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1991, 1992, 1993, 1994, 1995, 1996, 1997

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО, ОДЛЕВО: ТОНИ АНЧЕВ, ТРАЈЧЕ ДИМКОВ, ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ, ТОНИ ТАНЧЕВ И ТРАЈАН АНГЕЛОВ СО ОСВОЕНИТЕ ЗЛАТНИ МЕДАЛИ, 1991 ГОДИНА

Тони Анчев е роден на 17.2.1967 година во Радовиш. Негов прв поголем успех му е 5-то место на Европското првенство во 1986 година, во Лидкопинг – Шведска. Наредната година во Атина – Грција, на Балканијадата беше втор. На Медитеранските игри
во Атина беше 4-ти.
За екипата на „Бучим-Јака“ настапуваше во освојувањето на сите шампионски титули се до 1997 година.
Тони Анчев беше дел од екипата која во 1995 година го освои Купот на европските шампиони. Со неговата победа во финалето започна походот за освојување на титулата.
За „Бучим-Јака“ настапуваше до 1998 година кога стави крај на спортската кариера. Неколку години работеше со помладите категории во клубот. Денес живее и работи во Радовиш.

ТРАЈАН АНГЕЛОВ, ТОНИ АНЧЕВ, ИЛИЈА АНГЕЛОВ И ИЛИЈА ТРАЈАНОВ