Мехмет Усеинов освои злато на „President Cup“ во Белград

Мехмет Усеинов

Уште еден меѓународен успех за БК Бучим Радовиш. Мехмет Усеинов го освои златниот медал во категоријата до 65 килограми на меѓународниот турнир „President Cup“ во Белград, Србија.

На турнирот, кој собра повеќе од 200 борачи, Усеинов со одличниот настап стигна до највисокото место на победничкиот подиум и донесе нов значаен резултат за БК Бучим Радовиш.

Покрај Мехмет, клубот во Белград го претставуваа и младите надежи Изабела Зајков и Димитар Атанасов. Нивните настапи беа можност да ги одмерат силите со меѓународна конкуренција, да стекнат ново натпреварувачко искуство и да продолжат со својот спортски развој.

Тимот на БК Бучим Радовиш на „President Cup“ беше предводен од тренерите Владо Лазаров и Методија Зајков.

Златото на Мехмет е уште една потврда за континуитетот на БК Бучим Радовиш на меѓународната сцена, но и дополнителен мотив за сите наши борачи пред следните предизвици.

Честитки до Мехмет, Изабела, Димитар и тренерскиот тим за настапот во Белград!

Related Posts