Најмладите борачи на БК Бучим Радовиш остварија одлични резултати на 13. Меморијален турнир во борење „Јован Димитров“, кој се одржа на 26 септември во спортската сала „Младост“ во Неготино.
Нашиот тим настапи со пет млади борачи, кои забележаа успешни борби и освоија четири места на победничкиот подиум.
Берк Демирша го освои првото место, а неговиот настап му го донесе и трофејот за најдобар млад борач на турнирот.

Извор: БК Бучим Радовиш
Успешниот настап на БК Бучим Радовиш го заокружија и останатите наши борачи:
- Берк Демирша – 1. место
- Иса Демирша – 2. место
- Филип Зајков – 3. место
- Димитриј Витанов – 3. место
- Муса Демирша – 5. место

Извор: БК Бучим Радовиш
Тимот во Неготино беше предводен од тренерите Могамед Ибрагимов и Наумче Трајанов, кои продолжуваат посветено да работат со најмладите категории во клубот.

Извор: БК Бучим Радовиш
Учеството на ваквите турнири е важен дел од развојот на младите борачи, бидејќи им овозможува уште од најрана возраст да стекнуваат натпреварувачко искуство, да ги усовршуваат своите боречки вештини и да ја градат самодовербата на душекот.