4 јануари 1976, Радовиш
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО четиринаесетто 1992 (кадети), шеснаесетто 1994 (јуниори)
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО сребрен медал 2000, шесто 2004 (полициско)
СВЕТСКИ КУП златен медал 1996
КУП НА ЕВРОПСКИ ШАМПИОНИ бронзен медал 1997
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1991, 1992,1993, 1994, 1996, 1997

СРЕБРЕН МЕДАЛ НА ПОЛИЦИСКОТО ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
Роберт Танев е роден на 4.1.1976 година во Радовиш. Првите успеси за клубот ги има постигнато уште на крајот на 80-те години. Веќе во почетокот на 90-те како младинец учествува во осовојувањето на шампионските титули почнувајќи од 1991 сё до 1997 година.
Роберт Танев даде придонес и беше дел од тимот кој учествуваше во освојувањето на европската и на светската титула, иако настапи со по една борба на двата големи настани.
Танев беше учесник на две светски првенства за кадети и јуниори, каде беше 14-ти односно 16-ти. Во 2001 година, помина во Борачкиот клуб „Тигар“ од Скопје, каде во 2003 година ја заврши кариерата. Денес живее во Радовиш и е вработен во Министерство за
внатрешни работи.