6 мај 1959, с. Блаце, Скопско
ОЛИМПИСКИ ИГРИ
бронзен медал 1980 и 1984, 20 место 1980, 11. место 1976
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
сребрен медал 1981
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО
златен медал 1977 и 1983, сребрен 1976 (јуниори)
МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ
златен медал 1975 и 1979, бронзен 1987
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО
златен медал 1975, 1976, 1977 и 1978, сребрен 1974 и 1979
УНИВЕРЗИТЕТСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
бронзен медал 1977
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ЗА ЈУНИОРИ
сребрен медал 1977
МАКЕДОНСКИ БИСЕР
1977, 1978, 1979, 1980, 1984, 1986
ДРЖАВЕН ПРВАК
1972, 1976, 1977, 1978, 1980, 1982, 1985, 1986, 1987, 1988, 1989
Шабан Сејди уште на 14-годишна возраст го најавува својот исклучителен талент, освојувајќи сребрен медал на Балканијадата во Горна Ораховица, Бугарија во 1974 година. Веќе следната, 1975 година, го постигнува првиот голем успех и освојува златен медал на Медитеранските игри во Алжир.
Во 1976 година го продолжува победничкиот низ, освојува злато на Балканското првенство во Скопје и сребрен медал на Европското младинско првенство во Познањ, Полска. Истите резултати му обезбедуваат место во репрезентацијата на Олимписките игри во Монтреал, каде како 17-годишник се пласира на 11. место.
Годината 1977 е една од најуспешните во неговата кариера. Најпрвин ја освојува титулата на Европското младинско првенство, а потоа станува и европски сениорски шампион во Атина. Од Светското првенство за младинци во Лозана се враќа со сребрен медал, додека од Светскиот куп за сениори во Лас Вегас освојува бронза. Истата година ја заокружува со уште еден бронзен медал од Европското младинско првенство во Софија, Бугарија.
Во 1980 година, на Олимписките игри во Москва, Шабан Сејди го освојува бронзениот медал прв олимписки медал за борач од Македонија.
ШАБАН СЕЈДИ (ДЕСНО) СО ВАЛЕРИЈ ВЕРХУШИН