17 септември 1961, Штип
ОЛИМПИСКИ ИГРИ 6. место 1984, 11. место 1992, 12 место во 1988
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО сребрен медал 1987, бронзен медал 1991
МЕДИТЕРАНСКИ ИГРИ сребрен медал 1983 и 1991
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО сребрен медал 1977, бронзен медал 1978
МАКЕДОНСКИ БИСЕР 1980, 1985, 1990, 1991
ДРЖАВЕН ПРВАК 1978, 1982, 1986, 1988
На Зоран Шоров првиот позначаен меѓународен медал му е од Балканското првенство во 1977 година, кога го освои сребрениот
медал, а наредната година дојде до бронзениот. Највисокиот резултат Шоров го постигна една деценија подоцна, кога дојде до финалето на Европското првенство во Велико Трново и стана континентален вицешампион. Вториот медал на европските шампионати го освои во 1991 година во Штутгарт, каде што беше носител на бронза.
Од позначајните остварувања, има и две финалиња на Медитеранските игри: во 1983 година во Казабланка и осум години подоцна. Учествуваше на три олимпијади, почнувајќи од Лос Анџелес во 1984 година, каде што го имаше најдобриот пласман на шестото место.

ПРИЗНАНИЈА ЗА ЛЕГЕНДИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО БОРЕЊЕ, ОДЛЕВО: ЗОРАН ШОРОВ, РИСТО ТАКОВ И ШАБАН СЕЈДИ, ДОДЕЛЕНИ ОД ПРВИОТ ЧОВЕК НА ОБЕДИНЕТОТО ЕВРОПСКО БОРЕЊЕ ГОСПОДИНОТ ЦЕНО ЦЕНОВ