Членови на тимот

СПАСЕ ТОДОРОВ

6 декември 1981, Радовиш

БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО сребрен медал 2000, (јуниори)
ДРЖАВЕН ПРВАК 1998 (јуниори), 1995 (пионери)
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК второ 1996, 2004

Спасе Тодоров е роден на 6.12.1981 година во Радовиш. Завршил Филозофски факултет во Скопје во 2011 година. Со борење почнува да се занимава во 1992 година, на десетгодишна возраст.
Со петнаесет години влегува во првиот тим на тогашниот европски шампион и се бори во лигата на натпреварувањата во 1996 година, кога БК „Бучим-Јака“ станува шампион на Македонија.
Во 2000 година на Балканското првенство во Пиреја – Грција го освојува второто место во категоријата до 69 кг.
За БК „Бучим-Јака“ настапуваше се до 2007 година.
Денес живее и работи во Швајцарија.

СПАСЕ ТОДОРОВ, ПОБЕДНИК НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР КИРО РИСТОВ, 2000 ГОДИНА