Членови на тимот

КОЦЕ НИКОЛОВ

2 јули 1982, Радовиш

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО дваесетивторо 1999 (кадети), дваесетишесто 2001 (јуниори), четиринаесетто 2001 (сениори)
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО петнаесетто 2001
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО второ 2000 (јуниори)
ДРЖАВЕН ПРВАК второ, 1995, 1996 (пионери), 1996 (кадети), 2001(јуниори), второ, 1999, 2001(сениори)
ЕКИПЕН ДРЖАВЕН ПРВАК 1998

Коце Николов започнува да се занимава со борење на осумгодишна возраст, во 1990 година. Негов прв тренер е Добрин Трајанов. 

Како еден од најперспективните млади таленти во Македонија, уште од најрана возраст е дел од репрезентацијата, настапувајќи на бројни европски, светски и меѓународни првенства. 

Николов учествува на три светски првенства за кадети, јуниори и сениори, а својот најдобар резултат го остварува на Светското првенство за сениори во Софија, Бугарија, каде се пласира на 14-то место. 

Во 2000 година, на Балканското првенство во Пиреја, Грција, го освојува второто место. 

Во 2002 година заминува за Салцбург, Австрија, каде настапува за АЦ „Валс“ до 2008 година, по што ја продолжува кариерата како тренер. 

Денес работи како тренер на помладите категории во клубот КГ „Вигаун Абтенау“ од Салцбург. 

 

 

КОЦЕ НИКОЛОВ ВО УЛОГА НА ТРЕНЕР

КОЦЕ НИКОЛОВ ЈА ПОТВРДУВА СВОЈАТА УСПЕШНА ТРЕНЕРСКА КАРИЕРА