Почитувани љубители на борењето, оваа година Боречкиот Клуб “Бучим Радовиш” одбележува Јубилеј 30 години од освојувањето на Европскиот Шампионат.
Далечната 1995 година Бк Бучим-Јака предводена од Проф.др Ванчо Чифлиганец со заслуга на борачите и тренерите го освои првото место на Европското Првенство во Борење со што се искачи на пиедесталот и напиша историја во македонското борење и македонскиот спорт.
Оваа Година по (VI) Шести Пат се одржува Меморијалниот Турнир “ТРОФЕЈ ШАМПИОНИ БОРЕЧКИ ЛЕГЕНДИ” 2025 Радовиш.
Особена чест ни претставува да ве поканиме да присуствувате на турнирот кои се одржува на ден 22.11.2025 година.

