Уште еден успех за младите борачи на БК Бучим Радовиш! Нашиот борач Филип Зајков освои сребрен медал на третото издание на Меѓународниот турнир во борење во Скопје – „Шкупи Опен 2026“ (Skopje Open), во конкуренција на млади борачи од повеќе европски земји.

На турнирот учествуваа околу 300 борачи до 15 години од 13 европски земји, меѓу кои Турција, Бугарија, Романија, Полска, Франција, Грција и Молдавија.
Турнирот се одржа во салата на СУГС Гиманзија „Зеф Љуш Марку“ во Бутел.

Во силна меѓународна конкуренција, Филип прикажа одлични борби, покажа подготвеност и борбен дух и успеа да се пласира во финалето, освојувајќи го сребрениот медал.
Овој резултат е уште еден значаен чекор во спортскиот развој на Филип, но и потврда за посветената работа со младите категории во БК Бучим Радовиш.

За нашиот клуб, секој ваков настап е можност младите борачи да стекнуваат ново искуство, да напредуваат и да ја продолжат богатата боречка традиција на Радовиш.
Честитки до Филип Зајков за освоениот медал и одличниот настап! Горди сме на неговиот успех и му посакуваме уште многу успешни борби и нови медали во иднина.