Илија Атанасов ќе ја претставува Македонија на Европското првенство за млади (У-20) 2026 во Скопје

Илија Атанасов

Нашиот борач и македонски репрезентативец Илија Атанасов ќе настапи на Европското првенство за млади (У-20), кое од 6 до 12 јули ќе се одржи во Скопје, во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Илија Атанасов

Седумдневното првенство ќе собере дел од најдобрите млади борачи од Европа, а програмата ќе започне со грчко-римски стил, ќе продолжи со женско борење, додека завршниот дел ќе биде посветен на борбите во слободен стил.

По успешно реализираните подготовки во Кишињев, Молдавија, Илија е подготвен за еден од најважните настапи во својата досегашна кариера. На Европското првенство ќе се натпреварува во слободен стил, во категоријата до 97 килограми, претставувајќи ги боите на Македонија и на БК Бучим Радовиш.

Илија Атанасов

Настапот на Илија е уште една потврда за континуираната работа на клубот со младите таленти и за посветеноста кон создавање натпреварувачи кои успешно се претставуваат на најголемите меѓународни сцени.

Борбите ќе може да се следат во живо преку официјалната платформа на United World Wrestling.

На Илија му посакуваме многу успех, сигурни борби и достојно претставување на Македонија и БК Бучим Радовиш.

Илија Атанасов

Среќно, Илија! БК Бучим Радовиш е со тебе!

Related Posts