Најмладите борачи на БК Бучим Радовиш на летни подготовки во Грција

летни подготовки БК Бучим Радовиш

Најмладите членови на БК Бучим Радовиш од 10 до 18 август ќе бидат дел од младински тренинг камп во „Eleones Children’s Camp“ во Гомати, Халкидики, каде ќе ги реализираат своите летни подготовки.

Во текот на осумдневниот престој, младите борачи ќе имаат можност да тренираат во професионални услови, да работат на својата физичка подготовка и да усвојуваат нови боречки техники. Програмата ќе вклучува и активности на отворено, дружење и содржини насочени кон градење на тимскиот дух.

Летните подготовки се важен дел од развојот на најмладите категории во БК Бучим Радовиш. Покрај напредокот во спортските вештини, ваквите кампови им овозможуваат на младите спортисти да стекнат нови искуства, да развиваат самостојност, дисциплина и чувство на припадност кон тимот.

Работата со младите генерации останува еден од приоритетите на БК Бучим Радовиш, со цел традицијата на клубот да продолжи преку создавање нови борачи кои ќе растат и напредуваат во спортот.

Во следните денови, преку веб-страницата и социјалните канали на клубот ќе споделуваме фотографии и моменти од тренинзите и престојот на нашите најмлади борачи во Грција.

Им посакуваме успешни подготовки, многу нови искуства и убави моменти!

Related Posts